Американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, изјави денеска дека американската влада ќе му ја продолжи привремената лиценца на „Хуавеј“ за уште 90 дена дозволувајќи ѝ а кинеската компанија да купува делови од американски производители за да може да ги сервисира постојните клиенти.

„Хуавеј“ добива продолжен грејс-период и покрај тоа што речиси 50 нејзини филијали се додадени на американската економска црна листа, пренесе агенцијата „Ројтерс“.