Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ограничувањето на работата на руските новинари во многу земји е обид за наметнување политичка цензура.

– Во многу земји се поттикнува непријателска атмосфера и недоверба кон руските медиуми – рече Лавров на конференцијата за слобода на медиумите, пренесува ТАСС.

Тој рече дека не ја поддржува забраната за работа на странските медиуми кои работат во Русија, вклучително и „Дојче веле“ иако рускиот парламент го обвини овој медиум за кршење на изборниот молк и побара од Министерството забрана за работа, пренесува „Ројтерс“.