Во синоќешниот израелски воздушен напад врз ирански магацин за оружје во индустриската зона североисточно од Алепо загинаа седум лица, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права.

Според Опсерваторијата, чие седиште е во Лондон, при нападот повредени се поголем број Иранци и припадници на вооружени формации кои имаа поддршка од Иран.

Сириската државна телевизија јави дека противвоздушната одбрана на Сирија одговорила на израелската агресија.