Од „умерено“ на „високо“, Европската Унија го зголеми нивото на ризик од новиот коронавирус. Информацијата ја потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Тоа значи дека вирусот продолжува да се шири – истакна Фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел.

Вкупно 38 државјани на земјите од Унијата починале како последица на коронавирусот, а потврдени се 2.100 случаи на заболени.