Египетските власти им предложиле на 90 држави да ги преселат своите дипломатски мисии од Каиро во новоизграден град. Градот се наоѓа на 45 километри источно од Каиро и засега нема име.

Египет планира до крајот на годината да ја заврши изградбата на новиот административен центар, каде што ќе се наоѓаат сите владини служби. Дислоцирањето на дипломатските мисии ќе биде на доброволна основа, пренесуваат светските агенции.