Француската полиција денеска ликвидирала човек кој со нож нападнал полицајци во северно предградие на Париз, пренесува агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на полициски извор.

Според неименуванот извор, нападот се случил додека полицајците биле на патрола на велосипеди.

Изворот на информацијата наведува дека во моментов не е познат мотивот за нападот.