Третата светска војна нема да почне во Сирија, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

– Русија нема да дозволи трета светска војна поради својата политичка мудрост – истакна сирискиот претседател.

Според него, единствената мисија која САД ја спроведуваат во Сирија е поддршка на терористите, без оглед на нивните имиња или имињата на нивните фракции.

– Единствена завршена американска мисија во Сирија беше кога и помогнаа на т.н. Исламска држава да побегне од Рака, што е забележано на видео снимка. Лидерите на ИД побегнаа од Рака кон Деир ез Зор за да се борат против сириската војска. Втора завршена мисија беше кога стрелаа во припадници на сириската војска кон крајот на 2016 година во Деир ез Зор, кога беа опколени од припадници на ИД – изјави Асад.