Кина е несомнено најголемиот пазар за електронска трговија во светот. Ова го говорат бројките во истражувањето на „Статиста“ за дигиталниот пазар. Според анализата, минатата година продажбата остварена преку електронска трговија во државата достигнала 1,3 илјади милијарди долари и таа бројка се очекува да се зголеми на речиси две илјади милијарди долари до 2025 година. Ова значи дека за четири години, речиси секој втор долар остварен преку електронска трговија ќе биде потрошен во Кина.
Приходите што ги остварува Кина заземаат мнозински удел од азискиот пазар. Сепак, други пазари на континентот веќе растат со побрзо темпо од кинескиот. Но од друга страна, кинескиот раст останува над светскиот просек. Во Европа и во САД, се очекува електронската трговија да се зголеми од 35 до 42 отсто за пет години, што е под светскиот просек од 47 отсто.