Еден патник загина откако на авион на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ му експлодирал моторот набргу по полетувањето, па пилотот морал принудно да слета на аеродромот во Филаделфија, јавуваат американските медиуми.

Во инцидентот на летот од Њујорк за Далас дошло до експлозија на еден од моторите на авионот, при што деловите оштетиле прозорец и една патничка загинала.

Во несреќата се повредени седум луѓе.

Жртвата била висока претставничка на банката Велс Фарго и мајка на две деца од градот Албакерки од Њу Мексико.

Во авионот Боинг-737 имало 143 патници и пет членови на екипажот.