Шпанската влада соопшти дека една жена од Барселона е позитивна на коронавирус по неодамнешното патување во северна Италија, пренесе „Ројтерс“.
Претходно, речиси илјада туристи во хотел на шпанскиот остров Тенерифе, на Канарските Острови, беа ставени во карантин кога италијански лекар, кој бил таму на одмор, бил позитивен на коронавирус.
– Засега гостите ќе останат во хотелот до вториот тест и во зависност од резултатите, ќе бидат преземени соодветни здравствени мерки – рече портпаролката на шпанската влада, Марија Хесус Монтеро.