Фото: Федерација на коњички спортови на Македонија

Во организација на Федерацијата за коњички спортови на Република Македонија и коњичкиот клуб Анималс од Скопје, утре од 11 часот ќе се одржи вториот Мајски коњички турнир, како и првото коло коло од Отвореното првенство на Македонија во дресурно јавање.

Натпреварите ќе се одвиваат на теренот на коњичкиот клуб Анималс, во скопската населба Дрма, кај Идризово.

На програмата се три натпревари и тоа во категорија А, категорија М и категорија ЛМ.

Натпрварите се со избор на слободна програма и музика во траење 3-4 минути.

Г.И.