Фото: Џо Бајден/инстаграм

Американскиот претседател Џо Бајден има многу негативен став за распоредувањето тактичко нуклеарно оружје од страна на Русија на територијата на Белорусија.

На прашањето од претставниците на медиумите за тоа како ја примил информацијата за оваа акција од Москва, тој одговори: „Крајно негативно“.

Русија во четвртокот го објави договорот со Белорусија за распоредување тактичко нуклеарно оружје. Истиот ден, белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека веќе е започнат трансферот на нуклеарното оружје од Русија на територијата на неговата земја.