АТЛЕТИКА – СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Околу 1.900 атлетичари од 192 земји ќе настапат во Јуџин (САД) од денеска на Светското првенство, каде што Светската атлетика (СА) повторно ќе ја спроведе својата програма за светски рекорди. Спортистите што ќе постават светски рекорд ќе имаат право на специјална награда од 100.000 долари, а во дисциплините каде што ќе биде израмнет постојниот светски рекорд нема да бидат доделувани награди за светски рекорд, пишува СА.
Дополнително на програмата за светски рекорди, на СП 2022 ќе бидат понудени вкупно 8,498 милиони долари вкупна парична награда. Така, во индивидуалните дисциплини златниот медал се наградува со 70.000 долари, среброто со 35.000, бронзата со 22.000, а награди има за пласманот до осмото место (четврто место 16.000, петто 11.000, шесто 7.000, седмо 6.000 и осмо место 5.000 долари). Кај штафетите (по тим) титулата вреди 80.000 долари, среброто 40.000, бронзата 20.000, а и тука има награди до осмото место (четврто место 16.000, петто 12.000, шесто 8.000, седмо