Оваа трка од Милано до Сан Ремо (294 км) е една од петте престижни еднодневни велосипедски трки
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТРКА МИЛАНО – САН РЕМО
Холандскиот велосипедист Матје ван дер Поел победи на престижната трка Милано – Сан Ремо, 62 години по триумфот на неговиот дедо на истата трка, пишува „Би-би-си“. Италијанецот Филипо Гана е втор, со заостанување од 15 секунди, а третопласирани се Ваут ван Аерт и Тадеј Погачар. Дедото на Ван дер Поел по мајка, францускиот велосипедист Рејмонд Пулидор, победи на оваа еднодневна трка, „Монумент“, во 1961 година.
– Не можам да замислам подобро сценарио од ова – рече Ван дер Поел, кој стана првиот Холанѓанец што славел на трката Милано – Сан-Ремо по речиси 40 години, откако Хени Кајпер беше претходниот велосипедист од Холандија што победи на оваа трка, во 1985 година.
Оваа трка од Милано до Сан Ремо, во должина од 294 километри, е една од петте престижни еднодневни трки „Монумент“ во велосипедизам заедно со Трката околу Фландрија, Париз – Рубе, Лиеж – Бастоњ – Лиеж и Џиро ди Ломбардија. Ван дер Пол двапати победи на Трката околу Фландрија, во 2020 и во 2022 година. Н.М.