Полагањата беа спроведени во Битола, Прилеп и во Ресен, со надзор и присуство на претставници од Дан-комисијата при Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), Дејан Мицкоски и Ѓуро Илиќ

ЏУДО-ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Изминатиов период во Битола, Прилеп и во Ресен успешно беше организирано полагање за ученички, или за таканаречени кју-појаси во џудо. Во Битола организатор беше клубот Пелистер Битола, а полагањето во одлична атмосфера го спроведе клупската комисија, со надзор и присуство на претставникот од Дан-комисијата при Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), Дејан Мицкоски, кој е носител на 4-ти дан. Организаторот ги исполни сите обврски во согласност со правилникот за полагање појаси, а четворица членови на клубот Пелистер добија нови-степени.
Полагање за ученички појаси се одржа и во Прилеп, во организација на клубот Сеишин. Полагањето го спроведе клупската комисија, со надзор и присуство на претставникот од Дан-комисијата при Џудо-федерацијата на Македонија, Ѓуро Илиќ, претседател на комисијата и носител на 7-ми дан, а околу 50 члена на Сеишин добија нови кју-степени.
Полагање за ученички појаси имаше и во Ресен, во организација на клубот Преспа, делегиран член за следење на регуларноста на ова полагање беше Мицкоски. Клубот ги исполни сите обврски во согласност со правилникот на Џудо-федерацијата на Македонија, а 13 члена од клубот организатор добија соодветни повисоки ученички појаси од бело-жолт до зелен појас, информираат од Џудо-федерацијата на Македонија. Г.И.