Во име на спортската заедница, воодушевен сум и почестен што организација со толку долга и славна историја како што е Унгарската пошта издава комеморативна марка како гест на почит кон ШО во Будимпешта, вели претседателот на ФИДЕ, Аркади Дворкович
ПО ПОВОД 45. ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ВО БУДИМПЕШТА
Унгарската пошта ѝ оддава почит на 45. Шаховска олимпијада (ШО) на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) со комеморативно пуштање шаховска марка. Настанот, организиран од Националната агенција за управување со настани во соработка со Унгарската шаховска федерација и ФИДЕ, ќе се одржи од 10 до 23 септември во Будимпешта. Од 5 август, 40.000 примероци од марката од специјалното издание ќе бидат пуштени во продажба.
Унгарија е значаен фактор во шахот со стотици години. Играта на кралевите пристигнала во земјата уште во 14 век. Унгарија беше вклучена во основањето на ФИДЕ пред сто години и оттогаш Унгарците создадоа многу светски познати шахисти. Имињата како Лајош Портиш, Петер Леко, Золтан Алмаши, Ричард Рапорт и семејството Полгар се познати во целиот свет, пишува ФИДЕ.
– Во име на спортската заедница, воодушевен сум и почестен што организација со толку долга и славна историја како што е Унгарската пошта издава комеморативна марка како гест на почит кон ШО во Будимпешта. Тоа не е непознато, но шахот и поштенските услуги со години споделуваат долга традиција во дописниот шах. Во низата дописни ШО, кои траеле неколку години, Унгарија освои еден златна и два сребрени медали во машка и еден бронзена во женска конкуренција. Сакам да ѝ се заблагодарам на Унгарската пошта за овој прекрасен гест – рече д-р Золтан Полјански, претседател на Унгарската шаховска федерација, по повод издавањето на марката.
Унгарија е еден од водечките центри на шахот и голема чест е што годинава таа е домаќин на ШО (10–23 септември). Шахисти/ки од светска класа од целиот свет ќе дојдат во Будимпешта на ова големо натпреварување.
– Прекрасно е да се види дека Унгарската пошта создаде поштенска марка за да ја одбележи 45. ШО на ФИДЕ. Таа ги следи стапките на други земји што во претходните децении објавуваа поштенски марки за да ги прославиме шахот и нивните национални достигнувања во играта – изјави претседателот на ФИДЕ, Аркади Дворкович, пишува ФИДЕ.
Унгарската пошта му оддава почит на овој извонреден настан со објавување уникатен печат и други филателистички предмети со визуелни елементи, како и логото на 45. ШО на ФИДЕ. Дизајнот на печатот ги евоцира црно-белите квадрати на шаховската табла, а централниот елемент на комеморативниот плик е ликот на црната кралица. Сликата за ШО е инспирирана од уметноста на Виктор Вазарели, најголемата фигура на оптичкото сликарство, кој роден во Унгарија. Не само што визуелниот свет на црно-белите квадрати го поврзува Вазарели со шахот, туку и самиот уметник бил страстен шаховски ентузијаст, а шахот одиграл важна улога во неговиот живот. Познато е тоа дека и ликовите на неколку славни светски шаховски имиња биле ставени на нивните национални поштенски марки. Г.И.
Македонија рангирана на 61-то место во двете конкуренции
Нa ШО во Будимпешта, во машка конкуренција се пријавени 968 шахисти (244 ВМ, 1 ЖВМ, 129 ИМ, 167 ФМ) од 196 национални федерации. Во женска конкуренција, пак, ќе настапат 903 шахистки (17 ВМ, 56 ЖВМ, 53 ИМ, 104 ЖИМ, 12 ФМ, 114 ЖФМ) од 182 земји. И во двете конкуренции Македонија пред почетокот на ШО е рангирана на 61-то место. Новите екипни олимписки шампиони ќе бидат познати по 11-то коло, а секој меч ќе се игра на по четири табли.