По првиот натпреварувачки ден на Балканското првенство, ова е засега единствениот медал за Македонија, информираат од ЏК Миоки

ЏУДО – БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА ПИОНЕРИ

Членката на скопскиот џудо-клуб Миоки, Хамида Друштинац, го освои сребрениот медал на Балканското првенство за пионери, кое се одржува во Подгорица (Црна Гора), што претставува значаен успех.
Друштинац, која настапи во тежинската категорија до 36 килограми, во четврт-финалето се сретна со победничката од првиот круг од Романија, која ја совлада со ипон, за потоа во полуфиналето да се сретне со претставничка на Бугарија, која, исто така, ја совлада со ипон.
Во финалната борба за освојување на златниот медал, македонската џудистка загуби од репрезентативка на Романија, со што ѝ припадна среброто. По првиот натпреварувачки ден на Балканското пионерско првенство во Подгорица, ова е засега единствениот медал за Македонија, информираат од ЏК Миоки. Г.И.