По трката во неделата во Сингапур, каде што Карлос Саинс ја прекина доминацијата на актуелниот првак Макс Ферстапен, кој дотогаш имаше 12 победи, од тоа 10 во низа, на програма на Формула 1 утре (7 часот) е трката на патеката „Сузука“, за големата награда на Јапонија. „Сузука“ е единствената патека во форма на бројката осум, во календарот на Формула 1.
Првата гранпри-трка на оваа патека е одржана во 1987 година, на патеката од 5,807 км рекорден круг извози Луис Хамилтон во 2019 година, најмногу т.н. пол-позиции (осум) и победи (шест) оствари Михаел Шумахер… На претходните пет трки на таа патека Хамилтон победи двапати (во 2017 и во 2018 година), а по еднаш славеа Нико Розберг (2016 г.), Валтери Ботас (2019 г.) и Ферстапен (2022 г.).
Ферстапен води во годинашниот шампионат со 374 бода, а потоа следуваат Серхио Перез со 223, Хамилтон со 180, Фернандо Алонсо со 170, Саинс со 142… Н.М.