ШАХ – ЕКИПНО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, ЧЕТВРТО КОЛО

Македонската женска репрезентација (1.919 просечен рејтинг, рангирана 32. пред почетокот на турнирот) загуби од шаховската велесила (моментно петта во светот) Украина (2.365, рангирана четврта) со 0-4, за која игра и светската првенка од 2012 година, Ана Ушенина, на Европското првенство (ЕП) во Црна Гора. Македонките се 22., 11 места над почетното рангирање, со четири бода, а вчера во петтото коло играа со Англија (2.301, рангирана 13-та).
Машката репрезентација на Македонија (2.401, рангирана 32.), по првата победа во минатото коло, го претрпе третиот пораз, со 1,5-2,5, од Црна Гора (2.536, рангирана 24-та). Во неизвесен меч, ремизира ИМ Филип Панчевски на третата табла, а на четвртата цел поен освои ИМ Тони Лазов, кој засега игра одлично и има три поени (по две победи и ремија), плус 13,9 рејтинг-поени и играчки перформанс од 2.648 рејтинг-поени. Во петтото коло, Македонија, која е 33-та со два бода (5,5 поени по табли) меѓу 38 селекции, играше со јуниорската селекција на Црна Гора (2.370, рангирана 34-та).
Кај шахистките засега водат Франција (рангирана шеста), Азербејџан (рангиран втор) и Германија (рангирана трета), сите со по седум бода. Кај шахистите, пак, во водство се Германија (рангирана трета), Ерменија (петта) и Полска (11-та), сите со по седум бода. Се играат вкупно девет кола. Г.И.


ЕП 2023, ЧЕТВРТО КОЛО

Црна Гора – Македонија 2,5-1,5
ВМ Денис Кадриќ (2.584) – ИМ Никола Николовски (2.405) 1-0
ВМ Никола Ѓукиќ (2.518) – ФМ Емил Ристески (2.379) реми
ВМ Никита Петров (2.567) – ИМ Филип Панчевски (2.441) 1-0
ВМ Драгиша Благојевиќ (2.438) – ИМ Тони Лазов (2.377) 0-1
Украина – Македонија 4-0
ВМ Ана Ушенина (2.425) – ЖФМ Моника Стојковска (2.047) 1-0
ИМ Ина Гапоненко (2.335) – Ивана Манова (1.941) 1-0
ВМ Наталиа Жукова (2.308) – Катерина Петровска (1.844) 1-0
ЖИМ Анастасија Рахмангулова (2.324) – Моника Жежовска (1.722) 1-0