Тадеј Погачар - Фото: ЕПА

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС

Белгиецот Виктор Кампенаертс излезе од отцепеното трио и оствари победа на 18-та етапата на велосипедската грантур-трка Тур де Франс, пишува „Би-би-си“. Словенецот Тадеј Погачар го задржа водството во генералниот пласман од три минути и 11 секунди. Бранителот на титулата, Јонас Винегард од Данска, е втор, а Ремко Евенепул од Белгија е трет со пет минути и девет секунди зад Погачар. Годинашниот Тур де Франс завршува со уште две планински етапи, а потоа е и индивидуалниот хронометар в недела, пишува „Би-би-си“. Погачар победи на Џиро д’Италија годинава, а има и два триумфа на Тур де Франс, остварени во 2020 и во 2021 година.

Пласман по 18 етапи на годинашниот Тур де Франс: Тадеј Погачар, Јонас Винегард (плус 3:11 минути), Ремко Евенепул (плус 5:09 минути), Жоао Алмеида (плус 12:57 минути)… Н.М.