Во кон­ку­рен­ци­ја на над 400 нат­пре­ва­ру­ва­чи од осум земји Ми­о­ки освои еден зла­тен и по два сре­бре­ни и брон­зе­ни медали

ЏУДО – НА ТУРНИРОТ ВО РОМАНИЈА

На меѓународниот џудо-турнир, кој се одржа во Дробета Турну Северин (Романија), скопскиот клуб Миоки, предводен од тренерот Игор Паскоски, постигна забележителен успех. Во конкуренција на над 400 натпреварувачи од Македонија, Молдавија, Украина, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Грција и домаќинот Романија, Миоки освои вкупно пет медали (еден златен, два сребрени и два бронзени), а три негови преставници изборија настап во финалето. Остварениот резултат, секако, претставува и мотив повеќе клубот да продолжи со исто темпо и на следните турнири што го очекуваат.
Со златен медал се закити Георгина Блажеска (тежинска категорија до 44 кг), во возрасната категорија до 16 години. Сребрени медали освоија Ерик Крстев (до 46 кг) во возрасната категорија до 12 години и Петар Давчев (до 55 кг) во возрасната категоријата до 14 години. Со бронзени медали, пак, можат да се пофалат Марко Панчевски (до 55 кг) во возрасната категорија до 14 години и Ива Богдановска (до 52кг) во возрасната категорија до 16 години. Г.И.