АТЛЕТИКА

Главниот град на Кина, Пекинг, е избран за домаќин на Светското првенство (СП) во атлетика, во 2027 година, реши Светскиот атлетски совет, кој се одржа во Глазгов пред денешниот почеток на Светското атлетско првенство во сала. Кина ќе биде домаќин и на СП 2025 во атлетика во сала, во Нанкинг. Во 2008 година во Пекинг се одржаа Летните олимписки игри (ЛОИ), а во 2022 година и Зимските олимписки игри (ЗОИ). СП во атлетика во 2025 година ќе се одржи во главниот град на Јапонија, Токио, а лани се одржа во главниот град на Унгарија, Будимпешта. Г.И.