Картата на Македонија изработена од Димитрија Чуповски, доставена во прилог на меморандумот

Први март е денот кога од националната историја недвосмислено треба да потсетиме на Македонското научно-литературно другарство од Санкт Петербург. Доколку се земе предвид националната програма на друштвото, јасно изложена во „Македонски глас“, како и државата во која се пласира македонската национална платформа, Македонското научно-литературно другарство има уникатно место во заштитата и развојот на македонската национална мисла. Другарството има кристални македонски национални ставови, кои се очигледни во објавите на „Македонски глас“. Особено е интересна статијата „Кои се Македонците?“, објавена во 1914 година, во која покрај другото се вели: „Македонските Словени, според типот и јазикот, се почисто словенско племе, отколку Бугарите и Србо-Хрватите и Словенците… македонските Словени не се Срби и не се Бугари, туку едноставно Македонци, а се сродни и на едните и на другите… Кои имаат уши да чујат – нека чујат, а Словените, движени од чувството, не на ситен шовинизам, туку на словенското братство и единство врз основа на почитувањето на индивидуалните особености на секоја одделна словенска нација, не можат а да не се придружат кон нашиот извик: Да живее независна и слободна Македонија!“

Од историските архиви: Денеска се навршуваат 111 години од објавувањето
на меморандумот за независноста на Македонија

Кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, поради одредени политички, општествени и економски околности во Османлиската Империја, голем број Македонци ја напуштиле својата татковина и емигрирале во Софија, Белград и во Атина, но и во далечните метрополи како Санкт Петербург или Женева, каде што го продолжиле своето образование. Повеќемина од овие македонски младинци умешно се приспособиле во новите средени и изградиле научни, но и политички кариери, како што е Анастас Коцарев или Трајко Китанчев. Во овој период, особено е активна македонската интелигенција во Бугарија, видливо преку издавањето неколку весници и списанија, како и активноста на неколку организации, како што е списанието „Лоза“ или Младата македонска книжевна дружина. Во оваа конотација треба да се споменат и македонските интелектуалци што дејствувале во Белград, како што е Григорие Хаџи Ташков или Стефан Јакимов Дедов, уредник на „Балкански гласник“. Повеќемина историчари нагласуваат дека македонската интелигенција не ги заборавила својата татковина и својот патриотски долг, а оттука произлегуваат и голем број трудови од областа на македонската историја, етнографија и јазик, како и многубројните активности насочени кон промовирање на македонската политичка и национална програма.
Од национален и историски аспект, особен интерес побудува активноста на Македонското научно-литературно другарство од Санкт Петербург. Доколку се земе предвид националната програма на друштвото, јасно изложена во „Македонски глас“, како и државата во која се пласира македонската национална платформа, Македонското научно-литературно другарство има уникатно место во заштитата и развојот на македонската национална мисла. Другарството има кристални македонски национални ставови, кои се очигледни во објавите на „Македонски глас“. Особено е интересна статијата „Кои се Македонците?“, објавена во 1914 година, во која покрај другото се вели: „Македонските Словени, според типот и јазикот, се почисто словенско племе, отколку Бугарите и Србо-Хрватите и Словенците… македонските Словени не се Срби и не се Бугари, туку едноставно Македонци, а се сродни и на едните и на другите… Кои имаат уши да чујат – нека чујат, а Словените, движени од чувството, не на ситен шовинизам, туку на словенското братство и единство врз основа на почитувањето на индивидуалните особености на секоја одделна словенска нација, не можат а да не се придружат кон нашиот извик: Да живее независна и слободна Македонија!“
Напишаното потврдува дека Македонското научно-литературно другарство, во споредба со активностите на македонската интелигенција од Софија или од Белград, има многу појасна и почиста македонска национална определба. Според проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев од Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје, оваа пројава се должи на местоположбата и оддалеченоста од бугарската или српската национална пропаганда. Македонците во Бугарија или во Србија биле принудени да се сообразат со условите и околностите во соодветните држави.

Македонските интелектуалци во Софија и во Белград морале да водат смета за притисоците што пристигале или можеле да пристигнат од властите, кои имале негативен став кон македонското национално и политичко прашање, како што е забраната на списанието „Лоза“ од бугарската влада, вели професор Ванчо Ѓорѓиев. Исклучок е софискиот весник „Автономна Македонија“, кој има многу почиста македонска национална уредувачка политика од другите печатени македонски медиуми во Бугарија, во екот на илинденскиот период, но Македонското научно-литературно другарство и „Македонски глас“ имаат предност во промовирањето кристална македонска национална и политичка платформа, посочува професорот Ѓорѓиев.
Во контекст на значењето на Македонското научно-литературно другарство треба да се нагласи и неговата активност кон промовирање на македонската платформа во Русија, која во тој момент има негативен став кон македонското национално прашање. Во овој правец е и „меморандумот за независноста на Македонија“, составен и подготвен од членови на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург на 1 март 1913 година и испратен до британскиот министер за надворешни работи сер Едвард Греј, амбасадорите на големите сили при дворот во Лондон и рускиот министер за надворешни работи. Меморандумот бил објавен во целост или во делови во „Македонски глас“, повеќе руски печатени весници и во други весници во Европа. Во составувањето, подготвувањето и објавувањето и наедно како потписници на меморандумот учествувале и се јавуваат Димитрија Чуповски, Александар Везенков, Гаврил Константинович и Наце Димов, кои согледувајќи ја ужасната положба на Македонија по Првата балканска војна и непосредно пред Втората балканска војна, завојувана и окупирана од соседните балкански држави, како единствено праведно, најправилно, а наедно и најразумно и најцелисходно решение го гледале доделувањето независност на историскиот регион Македонија во нејзините природни, географски, етнички и економско-стопански граници од страна на големите европски сили, со што сметале дека ќе се стави крај на страдањата на населението и ќе се избегнат понатамошни војни, судири и крвопролевања.

Македонското научно-литературно другарство, во споредба со активностите на македонската интелигенција од Софија или од Белград, има многу појасна и почиста македонска национална определба. Според проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев од Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје, оваа пројава се должи на местоположбата и оддалеченоста од бугарската или српската национална пропаганда. Македонците во Бугарија или во Србија биле принудени да се сообразат со условите и околностите во соодветните држави. Македонските интелектуалци во Софија и во Белград морале да водат сметка за притисоците што пристигале или можеле да пристигнат од властите, кои имале негативен став кон македонското национално и политичко прашање, како што е забраната на списанието „Лоза“ од бугарската влада, вели професор Ванчо Ѓорѓиев. Исклучок е софискиот весник „Автономна Македонија“, кој има многу почиста македонска национална уредувачка политика од другите печатени македонски медиуми во Бугарија, во екот на илинденскиот период, но Македонското научно-литературно другарство и „Македонски глас“ имаат предност во промовирањето кристална македонска национална и политичка платформа, посочува професорот Ѓорѓиев

Во прилог на меморандумот, Димитрија Чуповски ја изработил и објавил политичко-географската карта на Македонија насловена во нејзините природни, географски, етнички и економско-стопански граници „Карта Македониiа“, со поднаслов „по програма на македонските народници“. Во меморандумот, кој е своевиден прв јавен настап на „ополномоштените Македонци“ пред светската јавност, се изложува и истакнува борбата на Македонците за својата слобода и држава, со акцентирање на учеството на Македонците во Првата балканска војна како рамноправна војувачка страна. Преку неколку точки во меморандумот се изнесени барањата, меѓу кои најбитни се: Македонија во нејзините географски, етнографски и економско-културни граници да остане единствена, неделива, независна балканска држава и во најскоро време врз основа на општо гласање, да биде свикано македонско народно собрание во Солун заради детална разработка на внатрешната организација на државата и за определување на односите со соседните земји. Д.Ст.