Ѓоковиќ, Надал и Федерер освоија 58 од 68 гранслем-турнири во претходните 17 години

ТЕНИС – РАФАЕЛ НАДАЛ ПО 14. ПАТ ПОБЕДИ НА РОЛАН ГАРОС

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал 14-ти пат триумфира на гранслем-турнирот Ролан Гарос во Париз (Франција) од вкупно 18 настапи. Тој во финалето на 126-то издание на Ролан гарос го совлада Норвежанецот Каспер Руд, со 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 6-0).
За Надал тоа е вкупно 22. гранслем-трофеј (покрај 14-те од Ролан Гарос има и четири на САД опен и по два на Австралија опен и на Вимблдон), по два повеќе од Новак Ѓоковиќ (Србија) и од Роже Федерер (Швајцарија).
– Тешко е да се опише како се чувствувам. Никогаш не верував дека повторно ќе бидам тука, дека ќе бидам конкурентен во уште едно финале. Сето тоа ми значи многу – рече Надал.
Ѓоковиќ, Надал и Федерер освоија вкупно 58 од 68 гранслем-турнири во претходните 17 години. Ѓоковиќ и Надал, пак, триумфираа на 14 од минатите 16 изданија на четирите најголеми тениски турнири во светот. Ѓоковиќ веќе 373 недели е на врвот на АТП-листата, но се очекува промена идната недела.


НАЈМНОГУ ГРАНСЛЕМ-ТРОФЕИ

Рафаел Надал 22
Новак Ѓоковиќ 20
Роже Федерер 20
Пит Сампрас 14

СИТЕ ГОЛЕМИ ТИТУЛИ НА НАДАЛ
Ролан Гарос 14
САД опен 4
Вимблдон 2
Австралија опен 2