КАРАТЕ – ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА
Карате-клубот Макпетрол со вкупно 13 медали, од кои шест златни, четири сребрени и три бронзени (сите освоени во дисциплината борби), е најуспешниот на сениорското првенство на Македонија за 2024 година. Второто место му припадна на Олимпик спорт 2007 со шест медали (3-0-3), а трет е Фунакоши Гичин, исто така со шест (2-2-2). Понатаму, според бројот на освоени медали, следуваат Сансаи метал Апостолов (2-0-1), Штип (1-0-3), Фати (1-0-0), Вардар (0-1-1), Башкими, Металург, Бонсаи, Дибра, Солидарност, Гладијатор, Цветан Димов и Ринија, сите со по еден сребрен, Кизаме две бронзи, Шкендија, Шампион, Кунсуто, Центар самурај, Дрини и Ботони, сите со по еден бронзен медал.
Поединечни прваци по категории, борби, жени: Михаела Мишовска (Олимпик спорт, до 50 кг), Симона Заборска (Макпетрол, до 55 кг), Вероника Костовска (Олимпик спорт, до 61 кг), Ангела Мојсовска (Макпетрол, до 68 кг), Ердона Зибери (Фати, над 68 кг). Борби, мажи: Фахик Весели (Олимпик спорт, до 60 кг), Емил Павлов (Штип, до 67 кг), Петар Заборски (Макпетрол, до75 кг), Петар Спасеновски (Макпетрол, до 84 кг), Стефан Стојановиќ (Макпетрол, над 64 кг). Екипно борби мажи (Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, Витомир Трајковски, Дамоло Божовиќ и Димитар Лозановски). Кати, екипно, мажи: Фунакоши Гичин. Кати, екипно, жени: Сансаи метал Апостолов. Кати, жени: Данка Стојкова (Сансаи метал Апостолов). Кати, мажи: Кристијан Бајовски (Фунакоши Гичин). Г.И.