Меѓу 105 каратисти/ки од 32 клуба, Макпетрол освои 13 медали, Олимпик спорт се закити со девет, Фунакоши Гичин со шест…

КАРАТЕ

Скопски Макпетрол е најуспешен карате-клуб на сениорското првенство на Македонија во машка и во женска конкуренција, кое се одржа во скопската населба Ченто, со учество на 105 каратисти/ки од 32 клуба. Втор најуспешен клуб според освоени медали е Олимпик спорт, а трет Фунакоши Гичин, и двата од Скопје.
Макпетрол освои вкупно 13 медали (шест златни, пет сребрени и два бронзени), Олимпик спорт се закити со девет (три златни, четири сребрени и две бронзени), Фунакоши Гичин со шест (по два златни, сребрени и бронзени). Гладијатор е четврти со четири (два златни и по еден сребрен и бронзен), петти е Штип (две злата), шести е Металург (по еден златен и бронзен) итн.
Нови шампиони по категории за 2023: ЖЕНИ (борби): Ангела Грујевска (категорија до 50 кг, Металург), Јована Георгиева (до 55 кг, Олимпик спорт), Вероника Костовска (до 61 кг, Олимпик спорт), Ангела Мојсовска (до 68 кг, Макпетрол), Бојана Манева (над 68 кг, Штип). МАЖИ (борби): Фахик Фесели (до 60 кг, Олимпик спорт), Емил Павлов (до 67 кг, Штип), Петар Заборски (до 75 кг, Макпетрол), Петар Спасеновски (до 84 кг, Макпетрол), Стефан Стојановиќ (над 84 кг, Макпетрол). ЕКИПНО ЖЕНИ (борби): Макпетрол. ЕКИПНО МАЖИ (борби): Макпетрол. ЖЕНИ (ката): Мартина Арсовска (Гладијатор), МАЖИ (ката): Кристијан Бајовски (Фунакоши Гичин). Г.И.