Фото: Маја Јаневска-Илиева

Одбојкарската репрезенатација на Македонија со победа над Данска од 3-1 го почна настапот на Европското првенство чиј домаќин е и Скопје.

Данците го добија првиот сет со 25-22 за „црвено-жолтите“ потоа да направат пресврт освојувајќи ги следните три сета со 25-22, 25-19 и 25-22.

Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен со 17 поени, додека Александар Љафтов забележа 15.

Македонија три дена подоцна во групата Ц ќе игра со Црна Гора, па ќе следува мечот со водечката селекција на ранг-листата на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ), Полска (на 3 септември), потоа е дуелот со Холандија (5 септември), а следниот ден е и мечот со Чешка. Сите натпревари Македонија ги игра од 20 часот, освен против Холандија (17 ч.).

Првите четири репрезентации од групата ќе се пласираат во осминафиналето.

Покрај Македонија, кодомаќини на ова ЕП се уште и Италија, Бугарија и Украина.