Македонската карате-експедиција во Полска

Немаме повредени натпреварувачи, што е добро, и насочени сме кон освојување медали. Имаме четири-пет натпреварувачи од кои очекуваме да се вмешаат во борба за врвот, вели селекторот на кадетите Дејан Ристески

КАРАТЕ – МЛАДИНСКО ЕП ВО ПОЛСКА

Македонските карате-надежи од денеска до недела ќе настапат на Европското првенство (ЕП) за кадети, јуниори и за помлади сениори (до 21 година) во Бјелско-Бјала (Полска). Репрезентацијата ја сочинуваат 35 каратисти, предводени од селекторите Дејан Ристески (кадети), Берат Јакупи (јуниори), Петар Белистојаноски (помлади сениори), сите во борби, и во кати Неџми Дервиши (јуниори/кадети) и Фери Исиќ (помлади сениори). Конкуренцијата во Полска е мошне силна, пријавени се 1.208 учесници од 49 држави.
– Вкупно гледано, целата репрезентација е подготвена на високо ниво. Немаме повредени натпреварувачи, што е добро, и насочени сме кон освојување медали. Имаме четири-пет натпреварувачи од кои очекуваме да се вмешаат во борба за врвот. Оптимист сум и се надевам дека ќе успееме. Условите овде се добри – вели селекторот на кадетите и на кадетките Дејан Ристески.
На ЕП 2024 во Тбилиси (Грузија) членот КК Макпетрол, Витомир Трајковски (категорија до 84 кг), освои сребро во категоријата до 21 година. Тој беше единствениот македонски претставник од вкупно 28-те на тоа ЕП што освои медал во силна конкуренција на 1.160 натпреварувачи од 49 држави, забележувајќи четири победи и еден пораз. Тој на ЕП 2023 во Ларнака (Кипар) освои бронза.

Поради неговата возраст, тој веќе нема право да настапува во оваа конкуренција.
Состав за ЕП 2025: кадети (ката): Блерина Зендели и Теодор Димески. Борби: Паола Арсовска (до 47 кг), Душица Бреслиева (до 54 кг), Анастасија Смилевска (до 61 кг), Јана Тануровска (над 61 кг), Михаил Спасов (до 52 кг), Божидар Зафиров (до 57 кг), Али Албин (до 63 кг), Иса Елмази (до 70 кг), Теодор Стојаноски (над 70 кг). Јуниори (ката): Тамара Ристовска и Нуредин Дервиши. Борби: Цветан Маргаритов (до 55 кг), Андреј Стојчевски (до 61 кг), Јован Врклевски (до 68 кг), Фисник Шаќири (до 76 кг), Филип Стојанов (над 76 кг), Мартина Петреска (до 48 кг), Илијана Серафимова (до 53 кг), Драгана Ефтимовска (до 59 кг), Теодора Наумовска (до 66 кг), Ангела Николовска (над 66 кг). Помлади сениори (до 21 год.), ката: Данка Стојкова и Марко Поптодоров. Борби: Сара Дука (до 50 кг), Рудина Алиу (до 55 кг), Јована Мицовска (до 61 кг), Ера Коџа (до 68 кг), Ердона Зибери (над 68 кг), Бесарт Мемеди (до 60 кг), Матеј Белистојаноски (до 67 кг), Љупче Михајлов (до 75 кг), Данило Божовиќ (до 84 кг) и Андреј Ангеловски (над 84 кг). Г.И.