Етиопјанката ѝ донесе на Холандија три медали во Париз Атлетичарката Сифан Хасан го освои златниот медал во женскиот маратон на Летните олимписките игри (ЛОИ) во Париз. Етиопјанката, која настапува под знамето на Холандија, до златниот медал стигна со резултат 2:22,55 часа, што наедно претставува и нов олимписки рекорд.
Ова е трет медал за Хасан на годинешните ЛОИ, бидејќи таа освои бронзени медали во трките на 5.000 и на 10.000 метри, а вкупно може да се пофали со шест олимписки медали во својата досегашна богата тркачка кариера.
Сребрениот медал го освои Етиопјанката Тигст Асефа (2:22.58 часа), а бронзата Кенијката Хелен Обири (2:23.10 часа). Г.И.