Фото: Маја Јаневска-Илиева

ТЕНИС – ТУРНИР НА КИПАР

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во четврт-финалето на турнирот што се игра во Ларнака (Кипар), по победата во осминафиналето, на дуелот вчера со Матилде Паолети од Италија со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 7-5). Ѓорческа во следната рунда на турнирот што се игра на земјена подлога (вкупен награден фонд од 25.000 долари) треба денеска да се сретне со Ксенија Зајцева од Русија. Од турнирот во Ларнака досега се елиминирани првата и втората носителка. Н.М.