Фото: „Нова Македонија“

ТЕНИС

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во осминафиналето на турнирот во Копер (Словенија), кој се игра на земјена подлога (вкупен награден фонд 60.000 долари), откако во првото коло ја победи шестата носителка на турнирот, Алексија Тодони од Романија, со 6-4, 6-1. Ѓорческа е и во четврт-финалето на тој турнир во игра на двојки, откако победи во првото коло заедно со Андреа Миту од Романија, а тие денеска ќе настапат на мечот за пласман во полуфиналето. Н.М.