Србинот Новак Ѓоковиќ денес ја започна 378-та недела на врвот на АТП ранг-листата. Тој по број на недели ја престигна Германката Штефи Граф (377 недели) како прв светски рекет во историјата на тенисот.
Во петте водечки тенисери по времето поминато првото место на ранг-листите се и Мартина Навратилова (332 недели), Серена Вилијамс (319 недели) и Роже Федерер (310).
Рејтингот на Здружението на тениски професионалци е воспоставен во 1973 година.