На работилницата присуствуваа претставници од многу земји и тие научија како да ја користат платформата „идЧес“ и да имплементираат ВАР-технологии на турнирите

ЗА ВРЕМЕ НА СП ЗА ЈУНИОРИ ВО МОНТЕСИЛВАНО

Во текот на неодамнешното Светско првенство (ЕП) за јуниори во Монтесилвано (Италија) се одржа работилница за судии и претставници на шаховските федерации за тоа како да прават шаховски преноси со помош на технологијата видеопомошник-судија (ВАР) на турнирите, информира Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
ВАР е збир на технолошки решенија за помош на судиите на спортски натпревари. Во многу спортови веќе се користат различни технологии за да им помогнат на судиите да донесуваат одлуки. Системот ВАР им овозможува на арбитрите да ги следат контроверзните моменти во играта. Сепак, конечната одлука останува на човечкиот судија. Со други зборови, ВАР-системите обезбедуваат дополнителни информации, но не донесуваат одлуки за луѓето, пишува ФИДЕ на својата интернет-страница.
На работилницата присуствуваа претставници од многу земи и тие научија како да ја користат платформата „идЧес“ и да имплементираат ВАР-технологии на турнирите.
– Гледам дека платформата има многу корисни функции, одлично ја препознава играта. Дефинитивно ќе ја препорачам – изјави меѓународниот судија Арилд Риместад од Шаховската федерација на Данска.
На тоа се надоврза и претставникот од Казахстан.
– Веќе бев запознаен со оваа технологија и ја имав видено на многу турнири. Платформата за емитување е лесна за употреба. Како шаховски судија многу ја поздравувам употребата на ВАР на сите турнири – вели Бауирзхан Хамзин, ФИДЕ-судија од Казахстан.
Оние, пак, што не можеа да учествуваат на оваа работилница, можат да се придружат на семинарот на „идЧес“ в четврток, насловен „Како лесно да емитувате турнирски мечеви и да користите ВАР за да ги решите контроверзиите во натпреварите“, пишува ФИДЕ на својата интернет-страница. Г.И.