Фото: Емил Јовановиќ

Во светот и понатаму водат Карлсен и Хоу, а без промени е и на македонските ранг-листи, први се Недев и Секуловска

ШАХ – РАНГИРАЊЕ НА ФИДЕ ЗА ЈУНИ

Норвежанецот Магнус Карлсен (2.830 рејтинг-поени) и во јуни е неприкосновен на врвот на ранг-листата на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), каде што опстојува од јули 2011 година. Втор е Американецот Фабијано Каруана (2.805) и е единствениот друг шахист за овој месец, покрај Карлсен, што има рејтинг од над 2.800 поени.
На трето место е Американецот Хикару Накамура (2.794), четврти е двократниот предизвикувач за светски првак, Русинот Јан Непомнијашчи (2.770), петти Узбекистанецот Нодирбек Абдусаторов (2.766), најмладиот предизвикувач за титулата светски првак, 16-годишниот Индиец Домарају Гукеш (2.763) е седми, а Кинезот Динг Лирен (2.762), кој годинава ќе ја брани светската круна токму против Гукеш, е на седмата позиција.
На листата за шахистки и понатаму е водечка Јифан Хоу (2.632) од Кина, пред нејзината сонародничка и актуелна светска првенка Ју Венјун (2.558). Трета е Леи Тингџие (2.548) од Кина, четврта Химпи Конеру (2.545) од Индија, а петта Александра Горјачкина (2.540) од Русија.
На македонската машка рејтинг-листа (ФИДЕ) за јуни и понатаму води ВМ Трајко Недев (2.474), а и кај шахистките меѓу 42 на листата, водечка е ЖФМ Весна Секуловска (2.067). Кај шахистите во однос на мај, најмногу нови поени (54) освои Стојан Велкоски (2.070), кој од 69-то се искачи на 65-то место, како и најновиот македонски ФИДЕ-мајстор (ФМ) Антон Златков (2.301), кој со новите 44 поени, од 21-то сега е на 17-то место. Кај шахистките, најмногу рејтинг-поени освоија Моника Жежовска (1.967, плус 73) и сега е петта и Леа Ефтовска (1.837), која со новите 39 поени од 14-то се искачи на 11-то место.
Македонија (според просекот на првите 10 шахисти) во однос на мај, загуби 22 поена, падна за две места и сега е 59-та (2.400 р.п.) меѓу 203 држави, а Македонија на листата за шахистки освои девет поени (1.962), со што се искачи за две места и сега е 59-та меѓу 203 држави. Кај мажите водат САД (2.725), пред Индија (2.710) и Кина (2.684), а кај жените прва е Кина (2.483), пред Индија (2.420) и Украина (2.386). Г.И.


ВОДЕЧКИ МАКЕДОНСКИ ШАХИСТИ ЗА ЈУНИ

МАЖИ
ВМ Трајко Недев 2.474
ВМ Александар Чоловиќ 2.430
ИМ Дејан Стојновски 2.421
ИМ Филип Панчевски 2.405
ВМ Звонко Станојоски 2.391
ЖЕНИ
ЖФМ Весна Секуловска 2.067
ЖФМ Моника Стојковска 2.034
ЖИМ Габриела Коскоска 2.007
Ивана Манова 1.993
Моника Жежовска 1.967