Фото: ЕПА

Одлуката на Арон Доналд да се врати од пензија и одново да игра американски фудбал по двегодишно отсуство можеби е невообичаена, но е далеку од преседан, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Доналд се придружува на листата на спортисти што се пензионираа откако изградија кариери од калибарот на Куќата на славните, а потоа одлучија да се вратат да играат.
– Дали се чувствувам дека можам да играм на високо ниво? Да. Дали чувствувам дека уште можам да бидам свој? Сто проценти, а ако не се чувствував така, немаше да бидам тука – рече Доналд откако ја објави својата одлука да се врати во Лос Анџелес ремс и да ја продолжи кариерата во која веќе имаше три награди за дефанзивен играч на годината на АП и осум избори во првиот тим на ол-про.

АП издвои уште неколку члена на Куќата на славните во северноамериканските тимски спортови што се вратија од пензија со различен успех, како Реџи Вајт (американски фудбал), Меџик Џонсон (кошарка), Марио Лемју (хокеј), Дејон Сандерс (американски фудбал), Мајкл Џордан (кошарка), Боб Кузи (кошарка), Рајн Сандберг (бејзбол), Горди Хоуи (хокеј) и Жак Плант (хокеј). Н.М.