Фото: ЕПА

ФУДБАЛ – АНГЛИЈА

Кога се размислува за најголемите тренери од ерата на Премиер-лигата, Арсен Венгер, сер Алекс Фергусон и Пеп Гвардиола се имиња што припаѓаат високо на листата. Тие се тројца од ретките што воделе 250 натпревари со еден клуб од Премиер-лигата, а Микел Артета сега е 10. член на таа елитна група, пишува „Би-би-си“.

Победата со 1-0 на дуелот со Астон вила во понеделникот беше 250. натпревар од највисоката лига за Артета со Арсенал, кој прими најмалку голови во лигата минатата сезона, освојувајќи ја титулата првпат по 22 години. Артета, исто така, има четврти најдобар процент на победи меѓу тие тренери, пред него се само Гвардиола, Фергусон и Јирген Клоп.

Артета е актуелниот тренер со најдолг стаж во англиската фудбалска Премиер-лига. Н.М.