РАКОМЕТ – ЖДРЕПКА ЗА КАДЕТСКО СП 2023

Македонија со Норвешка, Црна Гора и со победник од ИТФ-трофејот

Норвешка, Црна Гора и победникот на ИХФ-трофејот во Костарика идната недела (Грузија, Гвадалупе, Никарагва, Нигерија или Тахити) се ривалите на машката кадетска репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години, на 10. Светско првенство (СП) во август во Хрватска. На вчерашната ждрепка македонските надежи беа во третиот барабан, а мечевите ќе ги играат во Риека (група Ф). Пласман во главната рунда ќе обезбедат првите две селекции од секоја од осумте групи, а групата на Македонија ќе вкрсти со групата Е (Данска, Мексико, Чиле и Австрија). Македонските кадети, кои се пласираа на СП откако лани триумфираа на ЕХФ-шампионатот во Летонија, идната недела ќе одиграат два пријателски меча со Романија во Скопје. Г.И.


РАКОМЕТ – ЛШ

Директно во четврт-финалето се ПСЖ, Магдебург, Барселона и Киелце

Во машката ракометна Лига на шампионите (ЛШ), по 14 кола, најдобрите две екипи од секоја група се пласираа директно во четврт-финалето, а другите осум екипи ќе разигруваат за место меѓу осумте најдобри. Директен пласман во четврт-финалето обезбедија ПСЖ, Магдебург (од групата еден), Барселона и Киелце (од групата два). Во осминафиналето ќе има две двојки со тимови од иста држава, унгарските Веспрем и Сегед (победникот ќе игра со вицепрвакот Киелце), како и данските Алборг и ГОГ Гудме (победникот ќе се сретне со европскиот првак Барселона). Г.И.


ТЕНИС

Кралеви на пресвртот

Нема ништо слично како да се вратиш од работ за да оствариш победа. Само прашајте ги Енди Мареј и Андреј Рубљев, пишува Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП). Двајцата играчи трипати во 2023 година спасиле барем по една меч-топка на патот до победа, што е извонреден број со оглед на тоа што сезоната е трае само повеќе од два месеца. Заедно тие имаат повеќе од 27 проценти (6/22) од сите такви пресврти на АТП-турнејата годинава. Последното од овие неверојатни враќања во игра се случи во средата на тениското првенство во Дубаи, каде што Рубљев го победи Алехандро Давидович Фокина во три сета. Тоа е трет турнир по ред на кој светскиот рекет број шест спасува меч топки за подоцна да победи, а подоцна зборуваше и за неповторливите емоции што ги создаваат ваквите победи.
– Овие натпревари, кога ќе завршат и некако ќе ги победиш, секогаш се посебни. Немам зборови да опишам. Едно време, можеби се чувствувате среќни, се чувствувате супер стегнато и емотивно затоа што за малку ќе загубевте и некако победивте. Кога ќе се случи третпат, мислиш дека сега нема шанси, тоа е невозможно, сега е сигурно готово – рече Рубљев.
Мареј од 2015 до 2022 година пет пати спасил најмалку една меч-топка на патот до победа. Само еднаш од 2015 година тој спаси меч-поен и загуби меч, а Британецот пропушти седум пред да загуби од Доминик Кепфер на Мастерсот во Париз во 2021 година, пишува АТП. Годинава тој одбрани меч-топка и го победи Матео Беретини во пет сета на Австралија опен, потоа и Лоренцо Сонего и Јиржи Лехецка во Доха, прво спаси три меч-топки, а потоа две повеќе.