АУКЦИЈА НА „СОТБИ“

Дресот на Брајант продаден за 5,8 милиони долари

Дресот на кошаркарската легенда Коби Брајант на аукција е продаден за 5,8 милиони долари, објави аукциската куќа „Сотби“. Ова е трета највисока цена за спортски дрес, по оние што ги носеа кошаркарот Мајкл Џордан и фудбалерот Диего Марадона. Повисока цена од оваа постигнаа дресот на Џордан од финалето на НБА-лигата во 1998 година, кој беше продаден за 10,1 милиони долари, како и дресот што го носеше Марадона на Светското првенство во 1986 година, кој беше продаден за 9,28 милиони долари. На крајот на јануари годинава и дресот на најефикасниот кошаркар во историјата на НБА-лигата, Леброн Џејмс, кој со Мајами ја освои НБА-титулата во 2013 година, беше продаден на аукција за 3,7 милиони долари. Г.И.


ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ ЗА ФУДБАЛЕРКИ

Првакот Лион ќе игра со Челси

Актуелниот првак Лион ќе се соочи со Челси, а другите двојки за четврт-финалето во Лигата на шампионите за фудбалерки се ПСЖ – Волфсбург, Рома – Барселона и Баерн – Арсенал, реши ждрепката влечена вчера во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА). Ждрепката, исто така, отвори потенцијална полуфинална средба помеѓу Лион и Барселона, кои играа меѓу себе во финалињата во 2019 и во 2022 година, пишува УЕФА. Четврт-финалето на програмата е од 21 до 29 март.
Финалето е предвидено да се игра на 3 јуни во Ајндховен (Холандија). Таканареченото правило за предност на тимот со повеќе голови на гости при вкупно реми по два меча беше отстрането во минатата сезона,
Првпат отворен во 1910 година, стадионот на ПСВ има долга историја на домаќин на големи натпревари, вклучувајќи ги финалето на Купот на УЕФА во 1978 година (вториот натпревар) и во 2006 година, реваншот од Суперкупот на УЕФА во 1988 година и три натпревари на Европското првенство во 2000 година.


АМЕРИКАНСКИ ФУДБАЛ – НФЛ

В понеделник Супербоул и дуел на најдобрите двајца додавачи

Квотербекот (додавачот) на Канзас сити, Патрик Махомс, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на НФЛ-лигата во американски фудбал. Махомс, кој ја освои и наградата МВП и во 2018 година, доби 48 од 50-те гласа за првото место, а вкупно 490 поени, и убедливо славеше пред квотербекот на Филаделфија, Џејлен Хертс, кој освои 193 поени. Кворебекот на Бафало билс, Џош Ален е трет со 151 глас, а Џо Бароу од Синсинати е на четвртата позиција со 128 добиени гласа. Канзас сити ќе се сретне со Филаделфија на чело со Хертс во Супербоулот закажан за понеделник рано наутро по средноевропско време. Последниот играч што ги освоил наградата за најкорисен играч и Супербоулот беше Курт Ворнер во 1999 година. Г.И.