Македонскиот велемајстор (ВМ) Кирил Георгиев (2.577 рејтинг-поени, рангиран 95-ти на турнирот), по 8-то коло на мошне силниот турнир во Рига (Летонија), на кој играат 108 шахисти од кои 107 ВМ и еден ИМ од 37 држави, има 2,5 поени и моментно е на 103-то место.

Георгиев во 7-то коло по трет пат ремизираше, овој пат против индискиот ВМ Адибан (2.672, рангиран 21-ви), по дури 120 потези игра, додека во 8-то коло загуби од рускиот ВМ Александар Рахманов (2.657, рангиран 36-ти) во 53-от потег, откако одигра непрецизно во завшницата. И двете партии Георгиев ги одигра со црни фигури.

Во денешното 9-то коло, Гергиев како „бел“ игра со ВМ од Летонија, Нордмундс Миезис (2.467, рангиран 108-ми). На три кола до крајот води Французинот Алиреза Фирузја (2.770) со 6,5 поени, а го следат дури 10 шахисти со по поен помалку.

Најдобрите двајца играчи на турнирот директно се квалификуваат за Турнирот на кандидати во 2022 година, а следните шест обезбедуваат места на ист ваков турнир следната година. Г.И.