фото (РФМ)

Селекцијата на Романија ќе биде противник на Македонија во првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство 2023 година што ќе се игра во Полска и Шведска, според денешната ждрепка во Будимпешта.

Доколку избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја победат Романија, во втората рунда бараж дуели Македонија за противник ќе ја има селекијата на Чешка, која е нејзин стар познаник од бараж-пресметките.

Првите бараж дуели, односно натпреварите меѓу Македонија и Романија се играат од 14 до 20 март. Првиот дуел од овој двомечот ќе се игра во Скопје на 14 март, а реваншот на теренот на противникот шест дена подоцна.

Вторите бараж дуели на програмата се меѓу 11 и 17 април. Доколку Македонија го мине првиот бараж, во дуелот со Чешка првиот меч ќе се игра во гости, а реваншот е во Скопје.

Македонската машка ракометна репрезентација на големата ракометна сцена игра во континуитет од 2012 година.

ДВОЈКИ ЗА ПРВИОТ БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП 2023

Украина – Финска
Италија – Словенија
Португалија – Швајцарија
Австрија – Естонија
Грција – Босна и Херцеговина
МАКЕДОНИЈА – Романија
Словачка – Белгија
Израел – Литванија
Фарски Острови – Белорусија

ДВОЈКИ ЗА ВТОРИОТ БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП 2023

Украина/Финска – Хрватска
Италија/Словенија – Србија
Португалија/Швајцарија – Холандија
Австрија/Естонија – Исланд
Грција/БиХ – Црна Гора
МАКЕДОНИЈА/Романија – Чешка
Словачка/Белгија – Русија
Израел/Литванија – Унгарија
Фарски Острови/Белорусија – Германија