Утре кадетската репрезентација на Македонија ќе се соочи со Австрија (16 ч.), в среда со Германија (11.20 ч.) и со Холандија (16.40), а на третиот ден на турнирот ќе следуваат уште два натпревара за вкупен пласман

РАКОМЕТ

Македонската машка кадетска репрезентација, предводена од селекторот Раде Стојановиќ, која триумфира во финалето на годинашниов шампионат на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во летонскиот град Рига, совладувајќи ја Швајцарија (24-22), што автоматски ѝ донесе пласман на младинското Европско првенство (ЕП) во 2024 година и на кадетското Светско првенство (СП) в година, неделава ќе биде пред голем предизвик и наедно проверка на моментната играчка форма. По завршувањето на заедничките подготовки, на кои беа повикани 23 ракометари, а почнаа од средата, репрезентацијата денеска треба да отпатува на мошне силен турнир во Германија. А таму црвено-жолтите се во група со домаќинот, потоа со Холандија и со Австрија.
За три дена ракометарите ќе одиграат пет натпревари, од кои три во својата група и уште два во мечевите за пласман. Така, утре Македонија ќе се соочи со Австрија (16 часот), в среда со Германија (11.20 часот), а истиот ден попладне (16.40 часот) со Холандија. На третиот и последен ден ќе следуваат уште два натпревара за вкупен пласман. Секако, покрај напорниот распоред, ова ќе претставува и убава можност да се игра со мошне силни селекции.
Според последните информации, македонските надежи ќе бидат ослабени со неиграњето на одличното десно крило Александар Петковски. Групата А ја сочинуваат Сар, Египет, Исланд и Швајцарија. Двете први места водат во полуфиналето на турнирот, а победниците обезбедуваат пласман во финалето. Г.И.