Фото: Архива

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука да ги награди ракометарите на машката сениорска репрезентација со 50.000 евра доколку обезбедат пласман во втората фаза од натпреварувањето на Европското првенство во Унгарија и Словачка, соопштија од РФМ.

За да стигнат до ветената премија македонските репрезентативци предводени од Кирил Лазаров, потребно е да го освојат најмалку второто место во групата А, во која противници ќе и бидат селекциите на Данска, Словенија и со Црна Гора, а за тоа, пак, потребни им се барем, две победи. Секако, постојат опции за второ место со нерешени исходи, зависно од резултатите на оснататите селекции.

Претходно премија од 50.000 евра македонските репрезентативци добија за остварениот пласман на ЕП.

Лазаров и неговите избраници денеска ги одработуваат последните тренинзи пред почетокот на ЕП кое почнува на 13 јануари со меч против селекцијата на Словенија, а потоа следуваат дуелите со Црна Гора (15 јануари) и Данска (17 јануари).
Македонската репрезентација за Дебрецин ќе замине утре (14.10 часот) оди со чартер лет.