СП 2023 ЗА РАКОМЕТАРКИ

Актуелниот олимписки шампион, репрезентацијата на Франција, и светскиот првак од 2019 година, селекцијата на Холандија, без пораз се пласираа во четврт-финалето на Светското првенство (СП) за ракометарки што се игра во Норвешка, Данска и во Шведска.
За пласман во полуфиналето на СП 2023, Франција денеска ќе игра со Чешка, а Холандија ќе се сретне со актуелниот светски и европски шампион, Норвешка.
Другите две четвртфинални двојки беа познати по синоќешните последни натпревари од главната групна фаза на годинашното планетарно ракометно првенство, место меѓу осумте најдобри од претходно обезбедија репрезентациите на Шведска, Германија (двете селекции по четири кола без пораз) и на Данска, а за осмото место во четврт-финалето се тркаа селекциите на Црна Гора и на Хрватска.
Новиот светски шампион ќе се пласира на Летните олимписки игри (ЛОИ) в година во Париз. Од четвртфиналистите на СП 2023 досега место на олимпискиот турнир обезбедија Франција (како домаќин на Игрите) и Норвешка (како актуелен првак на Европа). Н.М.