На списокот фигурираат 22 играчи, од кои двајца се интернационалци. Првиот натпревар треба да се игра на 17 март во Скопје, а реваншот е два дена подоцна во Букурешт

БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО 2023 ГОДИНА

Селекторот на машката репрезентација на Романија, Шпанецот Хавиер Пасквал, го објави списокот со ракометари за дуелот со Македонија, во првиот бараж за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година во Полска и во Шведска. На списокот фигурираат 22 имиња, од кои двајца настапуваат во странство, и тоа Александру Шимицу (Сант Рафаел од Франција) и Демис Григорас (Бенфика од Португалија), а тројца се од Динамо Букурешт, каде што тренер е Пасквал.
На списокот го нема голманот на француски Сент Рафаел, Михаи Попеску, кој во овој двомеч ќе биде дел од стручниот штаб на четирикратниот светски првак Романија. Првиот натпревар треба да се игра на 17 март во Скопје, а реваншот е два дена подоцна во Букурешт. Победникот на овој двомеч во април ќе се сретне со репрезентацијата на Чешка, во финалето на баражот за пласман на СП 2023.
Состав на селекцијата на Романија за мечевите со Македонија: Голмани: Јонут Јанку (Стеауа), Дан Василе (Констанца), Александру Букатару (Букурешт). Крила: Валентин Јонеа, Никусор Негру (Динамо Букурешт) Сабин Константина (Стеауа), Роланд Талмајер (Потаиса Турда). Бекови: Андреј Бузле, Калин Кабут (Баја Маре), Кристијан Гита (Потаиса Турда), Роберт Милитару, Дан Ракотеа, Октавијан Бизау (Динамо Букурешт), Едуард Јордаче (Бакау), Габриел Бурлаку (Стеауа), Габриел Кумпаник (Васлуи), Јанус Димитреску (Темишвар), Александру Шимицу (Сен Рафаел, Франција), Демис Григорас (Бенфика, Португалија). Пикери: Габрил Димитриу (Потаиса Турда), Адријан Ротару (Букурешт), Калин Деду (Динамо Букурешт).