Фото: РК Охрид

РАКОМЕТ

  • Охрид во првиот финален меч сезонава на гостувањето кај унгарскиот клуб Татабања славеше со 29-28, пред реваншот в недела во Охрид

Екипата на Охрид со еден гол предност ќе го почне реванш-натпреварот од финалето на Европскиот куп за ракометари, во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, в недела, откако на гостувањето кај унгарскиот клуб Татабања славеше со 29-28 (13-8). Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ во еден момент имаа предност од седум гола, но, сепак, во неизвесниот финиш од средбата разликата се сведе на еден гол, а победоносниот гол го постигна српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ, на три секунди пред крајот на натпреварот.
Од првото издание на Европскиот куп за мажи на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во 2020 година, тим од истата земја никогаш не успеал да го одбрани трофејот. Сега, македонскиот тим Охрид може да испише историја в недела, по триумфот на Алкалоид во 2025 година, пишува ЕХФ.
Најмногу голови кај победникот на овој дуел во неделата постигнаа Дарко Ѓукиќ и Анте Иванковиќ, по седум, а голманот Кристијан Пилиповиќ имаше 10 интервенции. Кај домаќините Елеш Бенедек реализира девет погодока, а македонскиот интернационалец Филип Талески двапати ја затресе противничката мрежа. Г.И.