Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е меѓу шесте номинирани за најдобар голман во ракометната Лига на шампиони. Европската ракометна федерација (ЕХФ), која традиционално го избира тимот на сезоната пред одржувањето на Ф4 турнирот во елитното европско натпреварување – Лигата на шампионите, денеска ги објави најдобрите шест голмани, меѓу кои и Никола Митревски, номинирани за оваа престижна награда.
Vote now for the ???? ?????????? of the season on the Home of Handball App! #AST2022
➡️ Benjamin Buric ?
➡️ Andreas Wolff ?
➡️ Niklas Landin ?
➡️ Gonzalo Pérez de Vargas ?
➡️ Rodrigo Corrales ?
➡️ Nikola Mitrevski ??️ Vote here: https://t.co/XQd5xlwwVB pic.twitter.com/qMquL6WAAZ
— EHF Champions League (@ehfcl) May 30, 2022
Во конкуренција за најдобар голман , освен Митревски, сѐ и Никлас Ландин (Кил), Бенјамин Буриќ (Фленсбург), Андреас Волф (Келце), Гонзало Перез де Варгас (Барселона) и Родриго Коралес (Веспрем). Најдобриот ќе биде избран со гласовите на ракометните фанови. За Никола Митревски може да се гласа преку мобилната апликација на ЕХФ, односно на следниот линк.