Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра против Португалија, Турција и Луксембург во групата 1 од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во Германија во 2024 година. Ова е резултат од ждрепката влечена попладнево во Берлин, на која „црвено-жолтите“ беа во вториот барабан.

Двете најуспешни селекции од секоја група ќе се пласираат на ЕП заедно со четирите најдобри третопласирани репрезентации. Домаќинот Германија и носителите на медали од ЕП 2022, Шведска, Шпанија и Данска, веќе обезбедија учество на завршниот турнир.

Според распоредот по две кола треба да се играат од 12 до 16 октомври, потоа од 8 до 12 март 2023 година и од 26 до 30 април 2023 година.