Ракометната репрезентација на Македонија го доби и вториот контролен меч против Кувајт во Маврово, овој пат со 22-21, откако завчера славеше со 31-21, во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство во јануари.

Македонија дојде до триумф во завршницата од средбата, благодарение на одбраните на Мартин Томовски и на погодоците на Гоце Георгиевски и Игор Ѓоргиев.

Ѓоргиев беше и најефикасен со шест погодоци, додека четири постигна Ненад Костески.

Репрезентацијата се враќа во Скопје, каде од 2 јануари ќе ги продолжи подготовките за претсто во салата „Борис Трајковски“. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ги одиграат следните две контролни средби против Израел на 3 и 4 јануари.