Фото: Фејсбук/РФМ

Македонската ракометна репрезентција убедливо го совлада Мароко со 40-25 во последниот натпревар по групи во Президент-купот на Светското првенство во Полска и Шведска.

Избраниците на Кирил Лазаров на тој начин го потврдија второто место во групата и закажаа пресметка со Јужна Кореја за 27. место на Мундијалот.

Македонија претходно го победи Алжир и забележа пораз од Тунис во групата од Президент-купот.

Филип Кузмановски беше најефикасен кај Македонија со осум постигнати голови, Петар Атанасијевиќ забележа седум, а Мартин Серафимов и Ненад Костески по шестпати ја затресоа противничката мрежа.