Грција ја победи ракометната репрезентација на Македонија со 28-26, во мечот од квалификациите за Европското првенство.

Македонија на стартот од натпреварот натправи предност од три гола гола разлика, но домаќинот брзо се врати во натпреварот и потоа скоро во текот на целиот натпревар ние имавме предност од еден-два гола разлика.

Победата важи за изненадување, ако се има предвид дека барем на хартија грчката ракометна репрезентација важеше за аутсајдер во дуелот против македонските ракометари.

Поразот не би требало посериозно да ги загрози шансите на Македонија за пласман на ЕП, со оглед што до крајот на квалификациите има уште четири дуели, во кои црвено-жолтите ќе имаат можност да го поправат впечатокот и да обезбедат учество на завршниот турнир.

Исланд, кој денеска славеше против Турција 33-22, е водечки во групата 3 со четири бода, пред Македонија и Грција кои имаат по два, додека Турција е без поени.  Црвено-жолтите во следниот дуел му гостуваат на Исланд, во април в година.

Пласман на ЕП ќе обезбедат двете најдобропласирани селекции во осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири меѓу третопласираните репрезентации.